
Вучиќ: На Србите и Албанците им е потребен мирот
Далеку сме од решение, но дојдовме до приказна за компромис за ситуацијата на северот од Косово. Српскиот претседател со својот карактеристичен говорен стил денеска се обиде да објасни дека конечно мора да се реши проблемот со Косово, бидејќи, како што рече и на Србите и на Албанците им е неопходен мирот. Но, никакво тајно решение за Косово нема да има и граѓаните целосно ќе бидат информирани за последиците од постигнувањето или непостигнувањето на договорот. Но, дека сите ќе мора да ја понесат одговорнсота од својата одлука.
- Одговорноста ќе мора да ја покажат сите граѓани на Србија. Како и да ја покажат. А јас нема да бегам од сопствената одговорност и јасно е дека ако мислам доколку нешто е од клучно значење за иднината на Србија, опстанокот, постоењето и напредокот, и ако не добијам поддршка од граѓаните, ќе ја платам политчката цена и консеквенци. Но, народот ќе биде тој кој ќе донесе одлука ако дојдеме до какво-такво решение“, рече српскиот претседател.
Вучиќ објасни дека решението е потребно за Србија да почне економски да просперира, да се подобрат животните услови поради кои признава младите си заминуваат од земјата или воопшто и не сакаат да се вратат. Објасни дека ако сега не се среди овој проблем, Србите ќе продолжат да, како што кажа, кукаат по кафаните уште сто години дека се вечни жртви. Вучиќ предупреди и на премолчена согласност од ЕУ, со што Приштина не го исполни делот од бриселскиот договор и не ги формираа заедниците на српски општини на северот од Косово. Она што е можно сега е Србите сами да ја преземат работата во свои раце, но според Вучиќ тоа е еднострана акција која Приштина ја чека како причина да влезе на северот.
- Токму затоа, политиката на Србија и наш совет на Србите од КиМ ќе биде внимателно да работиме и да внимаваме на случувањата во меѓународната заедница. Да инсистираме на своите права, да ги бираме моментите кои ќе бидат усогласени со нашите интереси, но и ќе значат гаранција дека ќе го сочуваме мирот“, предупреду Вучиќ.
Слениот месец ќе биде најтежок во преговорите, најави српскиот претседател зашто Белград ќе го отвори клучното прашање- формирањето на заштитени зони. Вучиќ заклучи дека решението не е лесно и ако до него се дојде нема да има победници. Со оваа изјава како да се доближи и до ставот на албанскиот колега Тачи, кој минатата недела најави дека добро би било да има корекција на границата, со која сите би биле во вин-вин позиција.
Алиса Шутиноска