Вучиќ и Хан денеска во Нови Сад пуштија во употреба мост

Српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Нови Сад пуштија во употреба мост, кој е граден на местот на стариот жежељев мост на Дунав, кој беше разурнат за време на бомбардирањето на нато во 1999 година.

– Не можам да замислам подобар симбол од мост, кој го опишува значењето на европските интеграции, изјави Хан.

Тој додаде дека во Нови Сад дошол со српскиот претседател Вучиќ не само поради отворањето на објектот, туку и поради тоа што мостот е дел од патот на Србија во Европа.

Новиот мост е дел од железничкиот коридор 10 и ќе биде дел од брзата железничка линија Белград – Будимпешта.

Првите возови по мостот почнаа да сообраќаат во март годинава, а од денеска по мостот ќе можат да се движат и автомобили, велосипеди и пешаци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ