
Вучиќ хоспитализиран на ВМА
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера доцна попладне заврши во болница. Примен е на Военомедицинската академија во Белград поради кардиоваскуларни проблеми, соопштија од неговиот кабинет. Утринава соопштија дека состојбата му е стабилна, но 49-годишниот Вучиќ останува во болница заради претпазливост. Други информации за здравјето на српскиот претседател засега нема. Вучиќ вчера имал состаноци во неговиот кабинет со европарламентарците кои беа дел од вториот круг на дијалози меѓу власта и опозицијата, на кои се зборувало за изборните услови. Досега не беше јавно познато дека Вучиќ има проблеми со срцето, освен дека страда од зголемен крвен притисок.