Вучиќ: Го поддржувам договорот меѓу Скопје и Атина, но не го потценувам народот во Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.

„Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржавме договорот“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот Дејвид Мекалистер.

Тој, меѓутоа рече, дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ