
Врховниот суд на САД ја поддржа заштита на правата на вработените лица од ЛГБТ заедницата
Врховниот суд на САД донесе денеска одлука дека работодавачите кои им даваат откази на работниците заради тоа што се хомосексуални или трансродови лица ги прекршуваат законите за заштита на граѓанските права во државата.
Со 6 гласови за, наспроти 3 против, Врховниот суд заклучи дека федералните закони, кои забрануваат дискриминација врз основа на полот, исто така треба се подразбира дека забрануваат дискриминација и врз основа на сексуалната ориентација или родовиот идентитет.
Оваа одлука секако претставува клучна победа за активистите за правата на ЛГБТ заедницата и нивните сојузници.
Оваа одлука е уште позначајна затоа што се носи во ситуација кога Врховниот суд стана нагласено поконзервативен, по победата на Трамп на претседателските избори.