
Врховната изборна комисија на Турција ги поништи локални избори во Истанбул
По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул.
Изборната комисија (YSK) со мнозинство гласови одлучи да го поништи гласањето и да ги повтори изборите во градот Истанбул, објави турската агенција Анадолија.
Повторените локални избори во Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.
На изборите на 31 март тесна победа однесе кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу, кој во меѓувреме го доби мандатот и ја презеде функцијата.
Опозициските лидери одржаа вонреден состанок и ја обвинија Врховната изборна комисија и турските судови дека одлуката е црна дамка врз турската политика и судство и со нејзиното носење извршиле убиство на законот.