Вратена е пораката на Тито на ѕидот од Музејот на град Скопје

По 7 години вратена е пораката на Тито за солидарност на источниот надворешен ѕид на Музејот на град Скопје. По тој повод вчера се одржа свеченост на која беа пуштени 1.070 балони колку што жртви имаше во катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули во 1963 година. Враќањето на буквите е дел од програмата на Град Скопје за одбележување на 55-годишнината од катастрофата, која ќе трае 4 дена со изложби, филмски и мултимедијални проекции на повеќе локации низ градот.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека изговорот за отстранување на овие букви биле од таканаречени идеолошки причини на оние кои сакале да го избришат еден од најзначајните периоди од блиската историја на град Скопје.  Тој најави нов концепт на креирање на градот наречен Скопје урбан центар, кој има за цел да го отвори градот за граѓаните и да ја анимира стручната, но и пошироката јавност околу граѓанските вредности. Во новиот концепт, според Шилегов, ќе биде вклучена Асоцијацијата на архитекти на Македонија „која последната деценија беше исклучена од урбаното планирање на градот“ рече градоначалникот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ