Вооружена пресметка во Атина на црногорското подземје

Во ресторан во Атина синоќа беа убиени лидерите на црногорски криминален шкаљарски клан Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ, јавуваат српските медиуми.

Во пукањето во ресторанот е ранета и една жена.

Според првичните информации, четворица напаѓачи со качулки упаднале во ресторано и пукале со автоматска пушка.

На масата на убиените имало вкупно десет луѓе, поточно сопругите и децата на убиените. Се траело 30-тина секунди.

„Она што го доживеавме беше како на американски филм! Одеднаш двајца мажи влегоа и почна пукотница. Не престануваа. Нивните деца им вриштеа, а еден од нив падна мртов на столчето, раскажува очевидец за грчкиот портал Вима.

Грчките медиуми пренесуваат дека станува збор за невидено дивеење, убиство пред голем број гости кои можеле да настрадаат.

„Далеку од дострелот на српските, црногорските, албанските и другите полицајци на матичните земји, на топлиот Медитеран засолниште бараат мафијаши обвинети за најгнасни злосторства. Но, бидејќи барата е полна со крокодили – следуваат и крвави пресметки“, коментираат грчките медиуми.

Вака изгледа Грција во очите на читателите во Грција, а по бруталната егзекуција на Стаматовиќ (43) и Дедовиќ (43) се појавија и многу случни коментари на социјалните мрежи.

„Овој регион е игралиште на руските, српските и арапските криминалци. Во последните пет-шест години има сѐ повеќе пресметки. Ако не ги депортираат што побрзо, јужните предградија на Атина ќе станат Бејрут“, коментира еден од нив.

„Целиот олош од планетата Земја се собра тука и никој ништо не прави. Но, нема врска сѐ додека Грците ги нарекуваат расисти и фашисти. Ете како се залажуваме“, гласи уште еден од коментарите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ