„Волшебник“ ги украл личните податоци на пет милиони Бугари

20-годишен вработен во компанија за интернет безбедност е осомничениот за хакерскиот напад на даночната управа на Бугарија. Полицијата денеска го уапси младиот хакер кој нападот наводно го извршил кон крајот на јуни. Украл лични и финансикси податоци на речиси секој возрасен во државата.

  • Три проценти од податоците на Управата за јавни приходи се компромитирани…Сепак, не ја исклучуваме можноста во системот да има уште слабости кои можеби се од внатре предизвикани со зла намера, изјави министерот за внатрешни, Младен Маринов.

За нападот, надлежните дознале откако еден човек, кој тврдел дека е руски хакер, се јавил во локален медиум доцна во понеделникот и им понудил пристап до украдените податоци. Пријавено било во полиција, која откако ги споредиле 30 % од податоците сфатиле дека се истите кои ги содржи во Управата за јавни приходи.

За премиерот Борисов, младиот образован хакер сакал само да се докаже дека е многу способен.

  • Посебно во полето на ИТ – технологијата имаме вистински волшебници, бидејќи тие се многу млади и способни.  Многу е важно да најдеме начин да им плаќаме повеќе на луѓе како него, за да можеме да ги користиме во државните служби и за нас, наместо да прават штета и да ги осудуваме за криминал, треба да ги привлечеме да работат за државата, смета Борисов.

Младиот хакер користел основна техника за крадење на податоци, што според експертите не станува збор за неговата спсобност, туку за слабата безбедност на податоците во Управата.

  • Оваа небрежност доведе до експлозија на податоци, кои во моментов се достапни во цел свет, вели Јасен Танев, експерт за сајбер безбедност.

Бугарската бизнис заедница остро реагираше на овој скандал. Од таму велат дека пред една година ја предупредила Управата за приходи дека е можно истекување на податоци од нивниот систем, но немало реакција. Сега бизнис заедницата бара детални информации за сите истечени документи да бидат испратени лично до засегнатите луѓе и комапнии.

Управата се соочува со казна од 20 милиони евра, што е 4% од нивниот годишен обрт.

Ова протекување на информации, најголемо во една балканска земја, содржи имиња, лични податоци и заработка на индивидуи и компании. Хакерот украл податоци од пет милиони луѓе, од вкупното седум милионско население во Бугарија. Полицијата се уште не ја затворила истрагата. Голема е веројатноста хакерот да имал и помошници.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ