Води партијата на Ердоган, но ја изгуби Анкара

Владеачката партија на Реџеп Таип Ердоган води на вчера одржаните локални избори во Турција, но како што објави опозицијата тој го изгуби главниот град Анкара во кој води опозицијата.

Изборите кои турскиот моќник ги нараче борба за опстанок на земјата, во голема мера се сметаа за тест на неговата поддршка во време кога економијата опаѓа. Тој од балконот на седиштето на неговата Партија за правдата и развојот, според досега преброените гласови прогласи победа во повеќе од 56% од гласовите.

  • Како партија, сами или заедно со Народниот сојуз, со кого коалициравме на изборите, досега, од 16 градови, 24 провинции, 538 општини, 200 градови… ние победивме во вкупно 778 општини. Тоа значи дека вкупно 56% од општините во нашата земја ќе бидат управувани од АКП, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Ердоган вети засилување на стопанскиот раст и зголемување на бројот на вработени. Рече дека Турција ќе работи на елиминарање на заканите од сириските курдски милитанти на јужниот дел од границата.

  • Дефинитивно ќе изградиме одржлива економија структура и ќе спроведеме реформи. Ќе продолжиме со мобилизација на вработувањата која ја започнавме, ќе им ги расипеме игрите на оние кои фрлија око на нашите луѓе, храната и лебот, вети Ердоган.

Ердоган синоќа се воздржан околу тврдењата за победа во Анкара, но за разлика од него, опозицициониот лидер Екрем Имамоглу после 25 години владеење на АКП прогласи победа на својот кандидат Мансур Јавас.

  • Денеска губитник е Озасеки. Да Озасеки и неговата валкана политика изгубија. Победник е нашата демократија и сите други партии, рече Мансур Јавас, кандидат за градоначалник на Анкара.
  • Најпосле сме среќни, олку среќни не сме биле одамна. Господ не сака, ќе биде уште посреќни кога и градоначалникот Екрем ќе слави овде со нас, рече Канберт Кантдоган, член на опозицијата.

Анкара се сметаше за главен фронт на овие избори, каде поранешниот министер Мехмед Озасеки се кандидираше за градоначалник под знамето на Ердоган и неговите сојузници.

На вчерашните локални избори во Турција учествуваа вкупно 12 политички партии, 73 независни кандидати за началнички функции, а право на глас имаа 57 милиони граѓани.

Во Турција има вкупно 81 провинции, меѓу кои 30 метрополи, вклучувајќи ги и Истанбул и Анкара.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ