Во Загреб исфрлен од воз татко без маска додека детето плаче, Хрватите се прашуваат зошто политичарите не носат маски и се поздравуваат со секој во изборната кампања

Воз од железничката станица во Загреб не тргнувал затоа што еден од патниците не сакал да стави маска на лице како што е предвидено со тамошните мерки за заштита од КОВИД 19. Откако кондуктерите и останатите патници не успеале да го убедат човекот да стави заштитна маска, која ја носел во ранец но одбивал да ја стави на лице затоа што „не било пропишано со закон“, била повикана полиција.

Полицијата кога стигнала во возот го извадила човекот насила одвнатре и го турнала на перонот на земја. Тој бил со своето мало дете кое цело време плачело и викало гледајќи што се случува со својот татко. На крај граѓанинот е приведен и му е пишана соодветна прекршочна пријава.

Снимките кои ги објави хрватскиот медиум 24часа предизвикаа и критики за полицајците поради бруталниот однос кон татко во присуство на своето дете, но и жестоки реакции затоа што политичарите тераат кампања пред вонредните параламентарни избори во Хрватска, се гураат со луѓе и се поздравуваат (како Пленковиќ со српскиот тенисер Ѓоковиќ), а никој не презема ништо и не ги предупредува.

Последните денови во Хрватска е забележен голем скок на бројот на заболени од корона вирусот иако претходно голем дел од мерките беа укинати и бројот на активни случаи падна на 30-тина.

Видеото од полициската акција која се одвивала вчера околу пладне во Загреб може да го видите тука.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ