Во Турција осудени шестмина новинари на доживотен затвор

Истанбулскиот суд осуди на доживотен затвор шест новинари обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година.

Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Тараф, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак.

Новинарите беа обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого Турција го смета за организатор на неуспешниот преврат на 15 јули 2016 година. Ѓулен негира такви обвиненија. Шестемина новинари беа обвинети за обид за уривање на уставниот поредок и членство во терористичка организација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ