Во тек е спасување на 1.300 патници во Норвешка- на крузер му откажа мотор

На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција.

Поморската спасувачка служба информираше дека бродот пловел кон копно кога испратил сигнал за помош.

Спасувачки хеликоптери и бродови се упатија кон подрачјето каде се наоѓа крузерот, додека на копно се направени подготовки за прифаќање на евакуираните патници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ