
Во Словенија регистрирани 319 заразени лица
Триесет и три нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во последното деноноќие во Словенија со што вкупната бројка е 319 лица, соопштија надлежните.
Во моментов на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, поради Ковид-19 хоспитализирани се 21 пациент, од кои пет се наоѓаат на интензивна нега, а две лица поради подобрување на состојбата се пуштени на домашно лекување.
Од полноќ стапуваат на сила новите заштитни мерки кои ги донесе Владата, меѓу кои е забраната за јавни собири на повеќе од пет луѓе, а се затвораат сите детски игралишта во државата.
Од утре маркетите ќе бидат со скратено работно време, а наутро приоритет за пазарење ќе имаат пензионерите, инвалидите и бремените жени