
ВО САД се следи движењето на граѓаните како дел од мерките за борба со коронавирусот
Федералната Влада во соработка со Центрите за контрола на болести и профилактика, заедно со државните и локалите власти, ја следат локацијата на мобилните телефони на Американците, со цел да направат анализа на податоците за нивното движење, а во контекст на борбата против коронавирусот, објави „Волстрит журнал“.
Властите, информациите за ова ги добиваат од рекламодавачите, кои поставуваат реклами на социјалните мрежи. Мобилните оператори такви информации не смеат да споделуваат со властите. Според изданието, властите добиваат информации само за локација на корисниците, без други лични податоци како име или телефонски број.
Се дознава дека вакви податоци властите собираат во повеќе од 500 американски градови и главната цел е да се забележат обрасци во движењето на Американците, а тоа може да помогне во борбата со коронавирусот.
Од своја страна пак, со употребата на овие технологии од страна на властите, активистите за заштита на приватноста бараат „силна законска заштита“ за корисниците.