Во пожарите во Калифорнија загинаа 63 лица, 630 исчезнати

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати. Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9.000 домови, а од негогашниот град сега се останати само купишта пепел. Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ