
Во новата стратегија на Брисел, Западен Балкан во ЕУ до 2025
Европската унија е подготвува следниот бран проширување да го изврши до 2025 година, се вели во новата стратегија на Европската комисија која треба да биде објавена на 7 или 14 февруари. Стратегијата означува промена во тонот на Европската комисија и претседателот Јункер кој во 2014 година изјави дека нема да има проширување во блиска иднина.
Во документот Брисел посочува дека ова е историска можост за земјите од Западен Балкан кои за прв пат во својата пристапна перспектива имаат временска рамка.
„Со политичка вољја, усвојување на неопходните реформи и трајни решенија на соседските спорови, Србија и Црна Гора до 2025 година треба да бидат подготвени за членство,“ се вели во стратегијата на Брисел. „Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово до тогаш исто така треба да бидат во поодмината фаза на својот европски пат“.
Но споровите на земјите од Западен Балкан се закануваат да го успорат овој амбициозен план на Брисел.
„ЕУ не може и нема да увезе билатерални спорови. Затоа сите засегнати партнери од Западен Балкан мора да ги решат овие спорови како итно прашање.“
Брисел очекува потпишување на официјална спогодба меѓу Белград и Приштина, што би ја отстранила и последната пречка пред Србија во пристапните преговори и спорот за името на Македонија за кој по подолго време има оптимистички најави за негово решавање, се двете најочогледни пречки на патот кон европската перспектива. Јункер го посочи како пречка и спорот за пиранскиот залив меѓу Словенија и Хрватска, но свој удел има и одбивањето на Косово да ја верификува маркацијата на границата со Црна Гора.
Според европските медиуми, промената во политиката на Комисиајта и Јункер се должи и на зголеменото руско влијание во регионот со поттикнување антиевропска кампања, договорите за вооружување на србија и неуспешниот обид за државен удар во Црна Гора.
Игор Трајков