Во континентална Европа температурите во август над нормалата

Континентална Европа се очекува во август да има температури над нормалните и сувите услови, додека во источна Европа, Скандинавија и западна Русија ќе има постудени метеоролошки услови, се посочува во извештајот на компанијата Ведер, која е во сопственост на ИБМ.

Во август, температурите во Велика Британија и јужниот дел на Скандинавија се очекува да бидат над нормалните, како и во Германија, Франција и на Алпите, со исклучок на западна Шпанија.

Исто така, во Југоисточна Европа, се очекува температурите да бидат над нормалните за овој период од годината.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ