Во Кипар се појави првиот сериски убиец, убил седум жени и девојчиња

Војник во Кипар признал дека убил седум жени, а меѓу нив и девојчиња. Две тела се пронајдени во рударско окно, а третото е пронајдено вчера. 35-годишниот војник ги признал убиствата, но кажал и дека убивал и други жени и девојчиња, вкупно седум, а полицијата трага по нивните тела. На распитот на полицијата и кажал дека меѓу жртвите е и една жена од Индија или Непал, која ја убил минатото лето, потоа жена од Романија и нејзината осумгодишна ќерка. Последно пронајдената е од Филипини. Убиецот ги запознавал жените на интернет преку страница за запознавање партнери.

Сериските убиства се речиси непознатица за Кипар, но во изминативе години зголемена е стапката на криминал. Последниот случај на киднапирање и убиство на две жени на овој медитерански остров се случил во 1993-та година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ