Во киевскиот храм Света Софија создадена независна украинска црква

Илјадници Украинци се собраа денеска пред катедралата Света Софија во Киев за да ја изразат својата поддршка за формирање црква независна од Москва. Во киевскиот храм од 11-от век црковниот собор на украинското православие, на кој учествуваат црковната хиерархија, свештеници и верници, одлучи да основа независна украинска православна црква.

Овој црковен собор ја реализираше историската одлука на Цариградската патријаршија, која во октомври и дозволи на Украина да има сопствена црква по 322 години под духовна грижа на Русија.

Поради таа одлука Руската православна црква ги прекина своите врски со Вселенската Патријаршија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ