Во Калифорнија прогласена вонредна состојба поради пожарите

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Тој вчера рече дека се користи „секој достапен ресурс“ во борбата против пожарите, вклучително и огромните огнени стихии во виноградската област во северна Калифорнија, кои се погодени од силни ветришта.

Поради чадот од пожарот во заливот кај Сан Франциско за кусо време беше запрен и сообраќајот на мостот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ