Во Италија нов рекорд на починати од корона вирусот, Германија затвора граници

Алармантно се зголеми бројот на заболени од корона вирусот во Италија. 3.590 нови случаи за еден ден, а бројот на починати се зголеми за рекордни 368 и сега изнесува 1.809. Вкупниот број на заболени во оваа земја е близу 25 илјади. Најпогоден регион и натаму останува Ломбардија. Локалните власти укажуваат дека болничкиот систем, кој е еден од најефикасните во Европа, е пред колапс. Докторите велат дека повеќе нема слободни кревети. Од италијанскиот институт се уште не можат да потврдат дали земјата го достигнува пикот на болеста, и кога бројката на заболени ќе почне да се намалува.

Во Франција, стравот од корона вирусот доведе до рекордно слаба излезност на локалните избори. според последните анкети, излезноста е околу 44 %, што е пад за 16% споредено со последните локални избори во 2014-та.

Германија одлучи од утре времено да ги затвори границите со Франција, Швајцарија, Австрија, Данска и Луксембург, со цел да го спречи ширењето на вирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ