
Во Хрватска прв смртен случај на позитивен на коронавирусот
Се зголемува бројот на заболени со коронавирус во земјите во регионот.
Во Хрватска од вчера до утрово се потврдени 12 нови случаи, со што вкупната бројка се искачи на 99, а земјата вчера го забележа и првиот смртен случај на лице кое имало коронавирус. Здравственхите власти во Загреб потврдија дека лицето кое почина во самоизолација Истра било позитивно на коронавирусто, но се работи на точно утврдување на причината за смртта. Во Хрватска во моментов има повеќе од 12.500 лица ставени во карантин.
Во Србија до утрово регистриранис е вкупно 97 потврдени случаи на Ковид-19. Србија како превенција од коронавирусто воведе вонредна состојба и мерки со кои им се забранува излегување од дома на лица постари од 65 години, а на селата на постарите од 70 години. Воведен е и полициски час од 20 часто навечер.
Во Црна Гора пак вчера се потврдени шест нови случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени се искачи на осум, а во изолација се ставени повеќе од 3.500 лица. Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоќ изјави дека епидемијата почнала да се шири. Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред два дена соопшти оти не се исклучува можност и за воведување вонредна состојба во земјата.