Во Хрватска не се играше само тенис – уште тројца учесници на Адрија тур позитивни на коронавирус

Пријателскиот тениски турнир Ардиа во Задар го рашири корона вирусот ниц целиот Балкан. Покрај хрватскиот тенисер Ќориќ позитивни на ковид – 19 се и двајцата тренери на бугарскиот тенисер Димитров. И хравсткиот премиер Пленковиќ оди на тестирање се подравил со тенисерите без да држи дитанца..

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој одби да се тестира во Хрватска се врати во Белград, каде тестови направија неговата сопруга и двете деца. После објавата дека уште тројца тенисери кои учествувале на Адрија турнирот во Задар се позитивни на коронавирус, а еден од нив е хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, сега 22-ца луѓе ги чекаат резултатите од тестовите. Ќориќ се тестирал вчера по објавата дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен. Покрај хрватскиот репрезентативец сега позитивни на Ковид – 19 се двајцата тренери на Димитров.  Братот на Ѓoковиќ, Ѓорѓе, еден од организаторите на Адрија тур, рече дека ги презеле сите потребни чекори.

-Во овој момент се организирани сите здравствени служби за што поголем број на луѓе кои беа во контакт со Григор да бидат тестирани. Јас стапив во контакт со сите играчи учесници на Адриа тур со нивните семејства и екипи, вели Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на Новак Ѓоковиќ.

Но, во Храватска не се играше само тенис, Ќориќ во изминатите денови се дружел со бугарскиот тенисер Димитров, со кого заедно играле кошарка. Покрај корона журката во Задар, во еден локал кој сега е затворен, дружба имало и на концертот на Џибони. Димитров се дружел со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број деца како дел од Денот на децата. На турнирот и хрватскиот премиер Андреј Пленкови се поздравил со дел од тенисерите па сега и тој мора да се тестира.

Третиот натпревар од Адрија тур во Црна Гора е откажан, додека четвртиот и последниот натпревар е закажан да се одржи во Босна на почетокот на јули.

Бројот на новозаболени во Хрватска во оследните 24 часа е 19, со што вкупниот број порасна на 2.336, најголем број во Загреб. На болничко лекување се девет луѓе, на респиратори нема пациенти.

Пет нови заболени по неодамнешниот фудбалски натпревар меѓу Партизан и Црвена ѕведа во Белград. Ден по иборите бројот на заболени во Србија достигнува сто. Епидемиолозите велат ситуацијата ќе се влошува вирусот не е ослабен.

-Вирусот не е ослабен ниту е патилошки слаб иако тоа го очекувавме но тој процес е малку подолгорочен. Ова што можеме да кажеме дека епидемијата ослабна и дека останаа само поединечни жаришта за можат поединечно да се локализираат и санираат, вели Срѓа Јанковиќ, еипедиолог и член на Кризен штап Србија.

Масовна контрола на задолжителнотот носење маските во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри во Бугарија, ова е одлуката од денешната седница на бугарската влада одржаната поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19.

И Црна Гора, која беше прогласена за „земја без корона“ е соочена нови жаришта.

Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на хоспиталзирани лица. Албанија  е соочена со слаб здравствен капацитете, земјата може да направи само 500 тестови дневно.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ