Во експлозијата во Сирија загинаа најмалку 69 луѓе

При експлозијата во илегалното складиште на оружје и муниција во Идлиб загинаа дури 69 луѓе, меѓу кои 17 деца соопштија сириски опозициски активисти.

Во инцидентот е уништена петтокатна зграда и десетици лица се уште се водат како исчезнати.

Сириската Опсерваторија за човекови права наведува дека криумчарите на оружје , кои го користеле илегалниот склад биле блиски до организацијата ,,Ослободителен фронт на Левант”, поврзан со Ал Каеда. Идлиб е последното поголемо прибежиште на бунтовниците и се очекува да биде последната голема цел на сириските оружени сили.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ