Во експлозија на гасовод во Мексико загинаа повеќе од 60 луѓе, 80 се исчезнати

Бројот на жртвите од експлозијата на гасоводот во централниот дел на Мексико се искачи на 66, а повеќе од 80 се сметаат за изчезнати. Властите во мексиканската сојузна држава Идалго веруваат дека жртвите настрадале во обид да налеат бензин кој протекувал од продупчениот нафтовод, кога настанала експлозијата. Повредени се повеќе од 76 лица, кои тешки изгореници.

Илјадници војници се распоредени долж нафтоводот, а и транспортот е во целосен прекин на некои места. Гувернерот на Мексико, Идалго Омар Фајад информираше дека пожарот на места се уште тлее.

Пожарот избувнал во близина на рафинеријата Тула во областа Тлахиелипан каде неколку часа претходно дојде до излевање на нафта што ги привлече луѓето да собираат нафта која истекувала. Властите сметаат дека крадци  на гориво ја пробиле нафтоводната цевка.

На снимките можат да се видат како луѓе со канистри собираат нафта која во млазеви се излева од навтоводот. Подоцна снимките го прикажуваат нафотводот зафатен од оган и луѓе како врескаат и бараат помош.

  • Вчера тие дошле тука откако виделе на Фејсбук дека протекува бензин. Бидејќи нема бензин на секоја станица, поради недостигот на бензин, тој е скап. Тоа била лесно донесена одлука да одат таму, иако не им бил потребен бензин, вели Гајатано Калва, татко на исчезнат.
  • Тој беше тука во потрага по бензин. Кога се случила експлозијата, мојот брат бил таму, тие не виделе дали излегол или не. Немаме никакви информации за него, рече Алејандра Васкуез Гуереро, сестра на исчезнат.
  • Не беа ни десет ни двадесет. Имаше повеќе од стотине људи који собираа бензин, којшто течеше од цевката, велат роднините на исчезнатите. Тие беа млади луѓе, кои не ги сфатија ризиците.

Државната нафтена компанија во Мексоко во соопштение наведува дека пожарот е предизвика од илегалните постапки на крадците. Светските агенции јавуваат дека ова е една од најлошите експлозии во нафтовод во Мексико во поновата историја.

Инцидентот се случува откако новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор започна национална стратегија против кражбата на бензин од која само минатата години Мексико загуби околу 3 милијарди долари.

Последниот голем инцидент се случи во декември 2010 година, и тогаш властите ги обвинија крадците на нафта за експлозија на гасовод во централно Мексико, во близина на главниот град во кој загинаа 28 лица, меѓу нив 13 деца.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ