Во Бугарија уапсен најголемиот шпански нарко бос

Шпанската цивилна гарда објави дека најбараниот шпански шверцер на дрога, Ј.С.А., e уапсен во Бугарија. Тој e уапсен во бугарскиот град Варна, со изменет личен опис и додека се подготвувал да замине за Венеција, објави БТА. Како што е наведено, Ј.С.А. одиграл клучна улога во криминалната организација што ги снабдува Шпанија и остатокот од Европа со кокаин од Јужна Америка и која е вмешана во перење пари. По него беше распишана потерница во 2013 година, а откриен е откако специјалните агенти дознале дека се крие во Варна и дека го променил својот личен опис здебелувајќи се повеќе од 50 килограми. Во времето на неговото апсење, кај него се најдени лажни документи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ