Во БиХ се гласа по осми пат, народот тврди „нема надеж“

Жителите на Босна и Херцеговина денеска се на осми тест од независноста за тоа дали земјата ќе се движи кон евро-атлантската интеграција или ќе остане вкоренета во националистичките ривалства од војната.  Босна е една од најсиромашните земји во Европа, со два ентитета, 10 кантони, тројца членови на претседателство и многу проблеми.

На денешните општи избори пријавени се 72 политички партии, 39 независни кандидати, за 500-тини позиции на ниво на државата за кои ќе треба да одлучат 3 милиони 300 илјади гласачи, кои се запишани во непрочистениот избирачки список, од триипол милиони жители. Од крајот на војната во земјата малку што е променето. Изборната кампња се базираше на националноста, омразата, па дури и закани со отпуштања од работа, купување на гласови и притисоци. Се чини дека политичките партии во Босна можат да прават што сакаат и за нив законите не важат како и за другите граѓани. И сето тоа е поради тромоста на изборната администрација и истражните органи. Надежта дека нешто ќе се промени полека исчезнува. Просечната плата е 400 евра, невработеноста е 20%, а меѓу младите тој процент е 45. Сликата на сива економија е причината поради заминувањето на младите од државата.

  • Системот, се ни е труло. Ова треба од темел да се промени. Нови луѓе да се донесат, да се вклучи младината..Тоа е..“
  • Нека победи некој помлад. Кој било, само да не се овие досегашниве кои се на власт. Би сакал тоа да се случи. Има добар потенцијал меѓу младите“.

Но, според она што се случува во државата, властите не се во состојба да гледаат во иднината, да им понудат перспектива и да ги решат насобраните проблеми. Во предизборието, малку се слушаше за програмата, но затоа многу обвинувања на сметка на противкандидатите. Аналитичарите пресметале дека помеѓу двата изборни циклуса испонети се околу три проценти од ветувањата.

Недостатокот на веродостојни анкети го прави непредвидлив конечниот резултат на изборите. Странските медиуми анализираат дека новата победа на лидерот на република Српска, Милорад Додик, со неговата националистичка реторика ќе ја одалечи земјата од ЕУ, а доближи до Русија. А истото важи и за лидеорт на ХДЗ и членот на претседателството од редот на Хрватите, Драган Чович, кој е политички сојузник на Додик и која се залага за договор меѓу Србите и Хрватите без Бошнаците. Наспроти нив се социјалдемократскиот кандидат Денис Бечировиќ и новајлијата Бориша Фалатар – единствените кои се обидоа да ги надминат етничките препукувањаи и да се фокусираа на економијата и на младината.

 

Алиса Шутиноска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ