Во Белград митинг на Вучиќ за „Иднината на Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одржува завршниот митинг од кампањата „Индината на Србија“. По завршувањето на работниот ден, сите негови поддржувачи се собраа пред српското собрание, а ценатрот на Белград беше парализиран, поради масовниот собир. Вистинската бројка на присутни не може да се процени. Дел од српските медиуми јавуваат и дека биле сведоци на изјави од граѓани кои велат дека биле присилени да дојдат на денешниот митинг. Граѓани доаѓаат од сите страни на Србија.

  • Зошто си ти денеска тука ? 
  • Јас? Па да го поддржам Вучиќ.
  • Задоволна ли си како живееш, како е во Србија?
  • Да, супер…
  • Од каде си?
  • Од Крагуевац.
  • Дојдовме да ја поддржиме политиката на нашиот претседател. Очекуваме конечно сите да сфатат дека без единство на Србија, нема ништо.
  • Инаку, како живеете? 
  • Па скромно.
  • Не сме задовлни, би можело и подобро.
  • Србија се издигна од пепел, се живна, се процвета, се е така убаво и прекрасно, мене многу ми се допаѓа. Иако, ние сме странци, не сме од Србија.
  • А вие живеете добро?
  • Јас живеам одлично, ништо не ми недостасува… 
  • Србија е најсреќна земја на светот, што по толку децении, а можеби и векови го доби вистинскиот човек на вистинското место. Луѓето му веруваат и Србија оди напред, се само дел од мислењата на анкетираните граѓани пред денешниот собир.

 За опозицијата, која од јануари со протестите „1 од 5 милиони“ бара оставка од Вучиќ, денешната режимска опсада на Белград нема да ги спречи слободните граѓани поослучно да бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори. Вучиќ со денешниот собир сака да и возврати на опозицијата која на минатонеделниот собир имаше над 30.000 луѓе. На партискиот состанок пред два дена тој ги нарече „банда фашистичка“ и им порача дека „Србија не е фонтана на желбите“.  Здружената опозиција во „Сојузот за Србија“ како одговор за утре најави митинг на истото место и во истото време.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ