Во Аргентина абортусот останува нелегален

Аргентинскиот Сенат гласаше против предлоз аконот за легализација на абортусот во првите 14 недели од бременоста. По маратонската дебата, 38 сенатори гласаа Против, а 31 „ЗА“. Сега предлагачите ќе мора да чекаат до другата година за повторно да го предложат законот.

Засега, во Аргентина абортусот е дозволен само во случај на сулување, или ако животот на мајката е загрозен со бременоста.

Додека се водеше дебатата, пред Парламентот се одржуваа протести од двете групи. Анти-абортус активистите се радуваа. Сметаат дека со оваа одлука Аргентина се уште е земја која ги претставува семејните вредности.

Но, активистите кои се за легализација на абортусот, облечени во зелено за поддршка на каузата, плачеа и се тешеа меѓусебно. Дел од нив фрлија и молотови коктели кон полицијата, која мораше да употреби солзавец за да ги растера.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ