Властите во Белград бараат објаснување од Грција, зошто не дозволуваат влез на српските туристи

На бугарско-грчката граница од раните утрински часови беше формирана километарска колона од автомобили со патници од земји на европската унија но и од Балканот, претежно од Србија.

Од Бугарија во Грција можат  да влезат само државјани на ЕУ, но тие прво мора да пополнат прашалник во кој се наведуваат целосното име и местото каде патуваат. Србија побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор.

Според српски официјални лица, очигледно постојат несогласувања во грчките институции. Српските туристи не можат да влезат во Грција, а српската Амбасада побара објаснување за таа одлука, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Дали таа одлука важи и за државјаните на Србија, бидејќи пред само два дена, министерот за надворешни работи на Грција му вети на Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни, кажа Љајиќ и додаде дека колони чекаа на влезот во Грција.

Тој исто така изјави дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото му го ветил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега Србија чека одговор и појаснување.Од српската царинска управа велат дека патниците на граничниот премин Прешево, на границата со Северна Македонија, се враќаат во Србија и дека станува збор за индивидуални поаѓања, што не се организирани од туристичките агенции

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ