Вкупно 43 косовски пратеници на црна листа на повеќе западни земји
Сите 43 косовски пратеници, потписници на иницијативата за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на т.н. ОВК, се ставени на „црна листа“ на повеќе западни земји и нема да можат да добијат визи за патувања.
Приштинскиот портал Газета Експрес, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека станува збор за „држави пријатели на Косово“.
Иницијативата е покрената кон крајот на минатата година и по повеќе обиди да биде ставена на дневен ред на косовското Собрание во понеделникот беше одлучено да биде проследена до Владата на Рамуш Харадинај, која треба да заземе став за тоа пред одлучувањето во Парламентот.
Харадинај рече дека Владата за таа иницијатива може да се изјасни и да не се изјасни, имајќи предвид дека иницијативата е покрената во Парламентот.
– Владата ќе ги испочитува сите стандарни процедури, рече Харадинај иако, како што тврди, кој и став да го донесе Владата тој нема да биде релевантен.
Инаку, Харадинај, односно неговата партија Алијаса за иднина на Косово отсекогаш била против формирање на Специјалниот суд за воени злосторства кои во Косово ги изврши т.н. ОВК