
Виолета Чаповска добитник на Гран При наградата на зимскиот салон
Делото на Виолета Чаповска насловено „Мерка на растојание“ претставува спој на жени од различни политички и религиозни времиња: пакистанката Мукхтар Маи, еврејкатата Хана Арент и виетнамката Лим Ти Деп.
Чаповска која во моментов е во странство се обрати преку видео бим.
Низ дискурсот за разните гледишта на НЕПОСЛУШНОСТА како Грев и како Доблест уметниците ја истражуваат двојноста на непослушноста во значењето на поимот во јудејско-христијанската традиција и потребата за непослушност во модерното општество.
Во рамките на изложбата во различни медиуми во објектот Чифте Амам со свои дела се претставија 16 уметници и Александар Зафировски кој се претстави како гостин на изложбата на покана на кураторот Кирил Пенушлиски.
Нина Стефанова