Виетнам работи на брзата идентификација на жртвите од камионот во Англија

Виетнам се обидува да ја забрза идентификацијата на своите граѓани за кои се сомнева дека се меѓу лицата кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во близина на Лондон .

-Националноста на жртвите се уште официјално не е потврдена, изјави виетнамскиот заменик министер за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Според него, Виетнам и Велика Британија „се обидуваат да ја забрзаат идентификацијата на телата, но немаат поставено рок“. Британски суд вчера соопшти дека во шверцот на лицата кои настрадаа во ладилникот биле вмешани членови на меѓународна криминална група. Возачот на камионот е соочен со обвинение за убиство и трговија со луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ