(видео) Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во американскиот Конгрес

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска заседава со седницата во Советот за безбедност во ОН, во својот воведен говор ја обвини Кина дека се обидува да се меша во изборите во американскиот Конгрес кои се најавени за 6 ноември. Трамп не даде никакви докази за овие тврдења, но рече дека Пекинг работи на тоа Републиканската Партија да не победи во Конгресот, а причината е неговиот тврд став во трговската војна која ја започна, воведувајќи високи царини за увозот на кинеските производи. Трамп смета дека Кина се обидува политички да го уништи.

  • За жал, дознавме дека Кина се обидува да се меша во претстојните избори, во ноември, против мојата администрација. Не сакаат ниту јас, ниту ние да победиме зашто сум првиот претседател кој некогаш ја предизвикал Кина во трговијата и водиме во трговијата. Победуваме на секое ниво. Не сакаме да влијаат или да се мешаат во нашите претстојни избори, предупреди Трамп.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ