(видео)Пратеници ја спречија лидерката на Хонг Конг да зборува во Парламентот, таа се обрати преку видео снимка

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам и денеска мораше да го прекине својот годишен говор откако некои пратеници гласно ја попречуваа седницата, по што нејзиниот говор беше емитуван преку видео снимка.

Таа во своето обраќање претстави пакет мерки за недвижнини со цел враќање на довербата на граѓаните во нејзината администрација по четиримесечните антивладини протести.

Лам, исто така, рече дека во протестите се повредени повеќе од 1.100 луѓе и повеќе од 2.200 се уапсени.

Таа порача дека нејзината Влада ќе продолжи да ја почитува формулата „една земја, два системи“ и нема да толерира повици за независност или што било што може да и наштети на националната безбедност и суверенитет на Кина.

Таа најави и дека Владата драстично ќе го зголеми бројот на проекти за домување.

  • Јасна цел е секој граѓанин на Хонг Конг и неговото семејство повеќе да не мора да се грижат поради проблеми со домување и да имаат свој дом во Хонг Конг, рече таа.

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам вчера беше принудена да го прекине својот годишен говор откако некои пратеници и се потсмеваа кога почна да зборува.

Светските агенции коментираат дека откажување на таков говор досега е невидено во парламентот на градот.

Лам, која ги одбива повиците да даде оставка, требаше да објави многу иницијативи за недвижности во рамките на настојувањата да ја обнови довербата во нејзината управа по повеќе од четири месеци антивладини протести.

Продемократските пратеници извикувале „Пет барања, ниту едено помалку“ и го прекинувале говорот на Лам, која е соочена со голем притисок да ја обнови довербата и да ја реши најголемата политичка криза во Хонг Конг во последните децении.

Изразот „Пет барања, ниту едно помалку“ стана еден од повиците за собирање на демонстрантите, a се однесува на нивните пет пет главни барања кои вклучуваат општо право на глас и независна истрага за , како што сметаат, полициска претерана употреба на сила кон демонстранти.

Некои од пратениците носеле и маски со ликот на кинескиот претседател Си Џинпинг, држејќи постери со повици за исполнување на петте барања. За време на говорот на Лам, пред зградата на Парламентот била распоредена интервентна полиција со подготвен воден топ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ