(видео) Пожарите во Австралија однесоа уште еден човечки живот

47-годишен маж загина синоќа во страотните пожари кои беснеат низ Австралија. Човекот починал од срцев удар помагајќи му на пријател да го спаси имотот. Со ова бројот на жртви во поѓарите се зголеми на 24.

Најтежок ден вчера имаа сојузните држави Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија, каде температурата достигна екстремни 48 целзиусови степени, а ветрот дуваше со брзина од 80 километри на час. Од силината на пожарите во Австралија, денеска и небото над Нов Зеланд е портокалово .
Се уште не се знае колкава е шетата направена во текот на ноќта, но властите проценуваат дека се уништени стотина недвижности, најмногу на оние кои ги напуштиле домовите. Утринава, дел од Нов Јужен Велс се уште нема струја, а тука горат околу 170 пожари, од кои два се исклучително опасни.

Првите снимки од гратчето Батлоу, кое синоќа најмногу настрада ги покажа угинатите животни покрај патот. Пожарникарите раскажуваат за тешката ноќ во која се бореа со огнетата стихија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ