
Видео: Нападот врз Дамаск и реакција на противвоздушната одбрана на сириската армија
Рано утрово околу 4 часотпо локално време, Сирија беше цел на ракетни напади од САД и сојузниците.
САД, Франција и Велика Британија соопштија дека нападот има за цел да ги уништи погоните за производство на хемиско оружје кое според нив е искористено во последниот напад врз цивили во областите кои се под контрола на бунтовниците.
За Сирија, нападот е агресија и прекршување на меѓународното право. Сириските власти тврдат дека ги собориле најголем дел од ракетните проектили упатени кон цели на нивна територија.
Западните медиуми објавија дека биле истрелани 110 проектили, а целите биле три локации каде се чува или произведува забрането хемиско оружје.
Асошиетед прес објави снимки од нападот и реакција на сириската армија во областа на главниот град Дамаск.