(Видео) Голема материјална штета во Драч по земјотресот – најмалку 8 загинати

Силен земјотрес од 6,4 степени ја погоди денеска Албанија, урнувајќи повеќе згради. Според последните информации, во страотниот потрес животот го загубиле 8 лица а околу 300 се повредени.

Стравувањата се дека голем број луѓе се уште се заробени под урнатинитеи и смртоносниот биланс дополнително ќе се зголеми.

Албанските медиуми потврдија дека еден маж го загубил животот откако во паника скокнал низ прозорецот од својата зграда, додека една повозрасна жена починала додека го спасувала животот на својот внук, кого го покрила со своето тело.

Најголемото уништување, според снимките кои се објавуваат утринава, е регистрирано во приморскиот град Драч.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ