
Ветерниците во Германија од силната бура произвеле струја како 44 нуклеарни електрани
Најмалку седум лица загинаа во бурата која експресно мина низ Европа и сега тргна кон исток. Таа го попречи нормалниот сообраќај и илјадници лица истави без електрична енергија..
Таа, сепак, заради огромната брзина на ветровите донесе и неочекуван профит за Германија. Имено, турбините на ветерниците вртеле со толку голема брзина што од нив била произведена струја со еквивалент на таа што ја произведуваат 44 нуклеарни електрани.
Силниот ветар во Полска симна кров од една подавница при што погинаа една жена и нејзините две ќерки, а таткото бил повреден.
Еден маж погинал кога му се превртел чамецот во Шведска, а друго лице исчезнало. Две лица погинале во своите автомобили, едното во Германија, а второто во Словенија.
На островот Корзика биле регистрирани ветришта со брзина од 220 километри на час, пропратени со силни дождови и поплави. Тамошните власти изјавиле дека силните ветрови го прошириле пожарот на островот, а пристаништата во Корзика денеска се затворени.
Ветар со бризина од над 200 километри на час бил измерен и на северот од Италија, каде една 71-годишна жена од Ломбардија погинала кога била погодена од остатоци од покрив.
Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат дека е можна нова бура, наречена Денис, во текот на идниот викенд над Западна Европа, слична на бурата Кјара што ги погоди западноевропските земји изминатиов викенд. Бурата би ја погодило најпрво Шкотска, а потоа и да се прошири, но се уште не се знае на кои земји. Можни се ветрови до 100 километри на час. Бурата Кјара достигна речиси 130 километри на час. Бурата Денис сепак не би била толку екстремна како Кјара.