Верниците во Шри Ланка се молат во домовите наместо во црквите

Една недела по терористичките напади во цркви во Шри Ланка, за време на католичкиот Велигден, верниците денеска се молеа во своите домови.Надбискупот на Коломбо, Кардиналот Малколм Ранџит, одржа миса во капела во непосредна близина на својот дом, која беше пренесувана на телевизија.Во придружба на претседателот и премиерот на Шри Ланка, надбискупот ги опиша нападите  во кои беа убиени 250 луѓе, како навреда на човештвото. Католичката црква ги откажа сите верски обреди и апелираше до верниците да останат во своите домови и да ја следат мисата преку малите екрани, заради стравувањата од можни нови инциденти. Додека црквите во Шри Ланка останаа празни, десетици луѓе се собраа пред храмот Свети Антони во Коломбо, каде беа убиени најмногу луѓе минатата Недела. На католичките свештеници им се придружија и будистичките монаси, во демонстрација на солидарност со христијанската заедница.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ