Венецуела: Единаесет новинари уапсени по атентатот врз претседателот Мадуро

Властите во Венецуела уапсија 11 новинари по атентатот врз претседателот Николас Мадуро, соопшти Националниот синдикат на работници во печатот.

– Единаесет новинари и соработници во медиумите беа неосновано приведени, а уште неколку беа претепани или ограбени. Не прифаќаме слични активности и инсистираме одговорните за ова прекршување на правото на информации да бидат казнети, се вели во соопштението на синдикатот.

Меѓу затворениците има соработници на венецуелските, шпанските и аргентинските медиуми.

Венецуелскиот министер за внатрешни работи, Нестор Раверл, вчера објави дека шестмина осомничени биле уапсени за обидот за атентат врз шефот на државата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ