
Вајнстин осуден на 23 години затвор за силување
Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин денеска беше осуден на 23 години затвор поради силување и сексуален напад. Судот во Њујорк го прогласи Вајнстин за виновен уште минатиот месец, но денеска ја објави пресудата. Иако беше обвинет за повеќе дела, Вајнстин беше осуден за силување поранешната асистентка Миријам Хејли во 2006-та година и актерката Џесика Ман во 2013 година.
Неговите адвокати бараа од судот поблага казна тврдејќи дека поради неговата влошена здравствена состојба дури и минималната казна затвор од 5 години за него би значела доживотна казна.
Вајнстин, кој во судот дојде во инвалидска количка, пак во своето обраќање тврдеше дека е целосно збунет за се што се случува и чуствува длабоко каење.
Од октомври 2017 година, кога се појави првото обвинување, десетици жени го обвинија Вајнстин за повеќе дела, од секуално вознемирување до напади и силување.
Покрај процесот во Њујорк, Вајнстин го очекува и судење во Лос Анџелес за посебни случаи но под исти обвиненија, силување и сексуален напад.