В.Д. директорот на Турскиот театар демантира дека е член на ПДТ и бара од нив извинување

В.Д. директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан, кој пред два дена поднесе оставка од функцијата поради политички притисоци, денеска со демант дека воопшто не е член на партијата ПДТ. Побара од Партијата на движењето на Турците јавно да му се извинат за оваа невистина поради што, како што вели, му се нарушува угледот.

Во соопштението тој повторува дека од самиот почеток на неговата функција се соочувал со партиски наметнат Управен одбор кој постојано ја опструирал неговата работа и театарската програма. За ова ги обвинува членовите на Управниот одбор, односно претседателот Ердоган Максут, кој е член на ПДТ и членот на управниот одбор Мемљи Иљаз, кој е потпретседател на ПДТ. Освен притисок врз него, Шабан пишува и за притисок врз вработените, за кои вели дека има многу примери.

До поднесувањето на неговата оставка, в.д. директорот Шабан вели дека нема одговор од министерството за култура за неговото разрешување, ниту за избор за нов директор. Тој прашува како е можно од Партијата за движење на Турците да имаат информации кои министерството за култура се уште не ги поседува ?

Од Партијата за движење на Турците за Телма вчера соопштија дека Наџи Шабан побарал да биде разрешен од функцијата в.д. директор на Турскиот театар, на последниот ден од неговиот втор мандат затоа што дознал дека нема да биде нов директор на театарот.

Телма побара став и од министерството за култура од каде изјавија дека оставката на Наџи Шабан е негов личен став и дека дека во најскоро време ќе назначат директор со полн мандат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ