Уште една жртва на Ковид-19 во Италија

Во Италија почина и петтата жртва на новиот коронавирус, соопшти денеска шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели.

Тој информира дека со Ковид-19 досега се заразени 219 лица, 99 луѓе се хоспитализирани, од кои 23 се во критична состојба. Во моментов, коронавирус италијанските власти регистрирале во седум региони .

Петата жртва е 88-годишен човек кој имал хронични болести.

Во меѓувреме, словенечките власти свикаа итен состанок на Советот за национална безбедност, поради брзото ширење на вирусот во соседна Италија. И покрај тоа што во Словенија се уште нема потврден случај на лице заболено со Ковид-19, здравствените власти сметаат дека е само прашање на време кога и кај нив ќе се појави вирусот, имајќи предвид дека голем број словенечки граѓани секојдневно патуваат и се враќаат од Италија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ