Уште еден пораз на Тереза Меј

Британските парламентарци со 312 гласа „против“ и 308 „за“ го одбија амандманот да ја напуштата ЕУ без договор и било кој момент и под било кои околности. Но ова не е правно обврувачка одлука што значи не ја исклучува можноста Велика Британија да ја напушти унијата. Членовите на британскиот парламент сега треба да гласаат за уште еден амандман, кој се однесува на одлагање на Брегзитот. Гласањето во британскиот парламент ќе се одржи утре, и ако добие зелено светло од пратениците Велика Британија ќе бара согласност и од ЕУ да не ја напушти унијата на 29 март како што беше првичниот план, туку на 22 мај, со што би се овозможиле дополнителни подготовки. Овој амандман го предложи поранешниот замник премиер на Треза Меј, конзервативецот Демијан Грин.

Во меѓувреме Европската Унија усвои 11 мерки во случај Велика Британија да ја напушти Унијата на 29 март без договор, што би довело до промена на процедурата преку ноќ.

Европскиот парламент денеска ја усвои последната од 11-те мерки кои покриваат повеќе области од воздушниот, морскиот и патниот сообраќај до статусот на странските студенти.

Белгискиот пратеник Том Ванденкенделере ги опишал мерките како типични мерки што се преземаат во вонредна состојба и се воведуваат привремено за одреден временски период под строго пропишани услови.

Кетрин Бердер, која ја претставува југоисточна Англија во ЕП, ги навела патниците на аеродромите како пример за конфузија во случај на брегзит без договор.

„Ако ја напуштиме Унијата на полноќ, тие треба да знаат дали авионите ќе може да полетаат следниот ден? Дали одобренијата за лет на нивните пилоти се важечки, тоа се работи кои се всушност потребни во случај ако нема договор“, рекла таа.

Британските пратеници синоќа повторно го отфрлија договорот на премиерката Тереза Меј. Ова е нејзин втор пораз во рок од 24 часа.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ