(видео) Ураганот Дориан ги погоди Бахамите, ветрот корне дрвја

Ураганот Дориан, кој прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, ги погоди северните делови на Бахамите.

Бахамите се погодени од големи бранови и ветрови што достигнуваат брзина од 285 километри на час, при што властите ги повикуваат граѓаните што живеат на низините во погодените области да се евакуираат.

Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместиле во училишта, цркви и други засолништа. Во некои делови веќе нема електрична енергија и вода.

Американскиот национален центар за урагани наведува дека тоа е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите, како и дека на остовите Абако има „катастрофалните услови“.

Дориан продолжува да се движи кон островот Грејт Абако и Гранд Бахама каде се очекува да удри вечерва или утре. Властите веќе ги затворија аеродромите на овие острови, но главниот аеродром се уште функционра. Откако ќе ги помине Бахамите, ураганот се очекува да го погоди и источниот брег на Флорида, што би било многу опасно, бидејќи како што се доближуваат до потопли предели, ураганите стануваат се посилни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ