Улични борби меѓу ултра десницата и радикалните анти-фашисти во Америка

Протестите на ултра десницата „Патриотска молитва“ и радикалната анти-фашистичка организација „Антифа“ се претворија во улични пресметки во американскиот град Портланд. Специјалните сили на полицијата за разбивање на нереди имаат големи потешкотии да ги спречат двете групи.

Патриотска молитва и Антифа се опремени со импровизирани штитови, копја и стапови, а носат и маски за заштита од солзавезот.

Полицијата употреби гумени куршуми. Двајца репортери настрадаа директно од демонстрантите, но нема точен број на повредени учесници во уличните борби. Секој протест на Патриотска молтива е следен со насилен контра-протест, бидејќи нивни член пред една година со нож уби две афро-американки кои бранеле девојка што носела бурка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ