Украинскиот Боинг не се урнал поради запалениот мотор?

Украинската амбасада во Техеран го повлече првичното соопштение, околу причините за падот на украинскиот авион што се случи утрово по локално време. Амбасадата првично соопшти дека авионот со 176 патници и членови на екипажот се урнал бидејќи се запалил моторот, но сега вели дека причините за уривањето на авионот ги испитува комисија, и дека претходното соопштение не било официјално. Украински авион Боинг кој полета од Техеран за Киев, се урна кратко по полетувањето, а загинаа сите патници и членови на екипажот. Најмногу од патниците се Иранци и Канаѓани. Неколку часа пред да се урне авионот, Иран изврши ракетен напад на две американски воени бази во Ирак. Веднаш по ова, многу авио-компании објавија дека ќе го избегнуваат воздушниот простор над Иран и Ирак.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ