
Украинскиот авион бил погоден од ракета
Иран по грешка го собори украинскиот авион, што се урна вчера во близина на Техеран во кој загинаа 176 луѓе, јавуваат американските медиуми.
Американски официјални претставници веруваат дека украинскиот Боинг беше погоден од ракета.
Украина претходно соопшти дека испитува сали зад падот на авионот стои ракетен напад, но Иран го исклучи ова.
Авионот падна неколку часа по ракетните напади што ги изврши Иран врз замерикански бази во Ирак. Американски медиуми цитираат американски разузнавачки извори кои велат дека сателит детектирал инфрацрвени траги два наврати, а потоа следел уште еден, проследен со експлозија.
Во меѓувреме, Њузвик цитираше разузнавачки извори од Пентагон како и ирачки разузнавач кои велат дека веруваат дека украинскиот авион бил погоден од руска ракета тор.